Кошмар за Реал – Мбапе го повреди коленото

Новата 2026 година почнува разочарувачки за навивачите на Реал Мадрид, откако беше објавено дека Килијан Мбапе заработил незгодна повреда на коленото.

Французинот е убедливо најдобар фудбалер на Реал сезонава, но сега тренерот Чаби Алонсо ќе мора да се снаоѓа без најдобриот стрелец.

„По медицинските прегледи извршени врз нашиот фудбалер Килијан Мбапе,беше утврдено дека тој има истегнување на лигаментите во левото колено. Неговиот прогрес ќе биде следен во наредниот период“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.

Иако не е наведена временска рамка во самото соопштение, мадридските медиуми најавуваат дека Мбапе ќе паузира најмалку три седмици од терените.

Тој ќе го пропушти Супер-купот на Шпанија, нема да игра во Ла Лига против Бетис и Леванте, а надежите на „кралевите“ се дека Мбапе ќе се рехабилитира навреме за настап на незгодното гостување против Вилјареал закажано за 25 јануари.

Се вчитува...