Повредата што Трент Александер Арнолд ја заработи на самиот почеток од дуелот со Олимпик Марсеј е од посериозна природа, па десниот бек на Реал Мадрид го очекува подолга пауза од фудбалските терени.
Денешните детални прегледи покажаа дека англискиот репрезентативец има сериозна повреда на мускулот на десната нога, за која е препорачлива пауза од најмалку шест седмици. Во ситуација во која Трент секако не беше најстандарден во плановите на тренерот Чаби Алонсо, јасно е дека овој фудбалер ќе се соочи со уште потешка задача да се наметне во улогата на стандарден првотимец по преселбата од Ливерпул.
Тој ќе пропушти најмалку две средби од ЛШ против Каират и Јувентус, а остануда да се види дали ќе биде во комбинација за гостувањето на „Енфилд“ против поранешниот клуб закажано за 4 ноември. Што се однесува до Ла Лига, Трент нема да може да настапи на големите дерби дуели со Атлетико Мадрид (27 септември) и со Барселона (26 октомври).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

