Рома врза шест победи во серија и се врати во игра за излез во фудбалска Европа за следната сезона, но „волчицата“ се соочува со огромен проблем ако се знае дека повредата на Пауло Дибала е многу сериозна и најдобриот фудбалер на овој нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона.
Во Рома се надеваа дека проблемот не е премногу сериозен, но деталните прегледи покажаа значително оштетување на повредениот мускул. Оваа повреда ќе мора да биде санирана со хируршки зафат, по што ќе следи пауза од најмалку два месеца, што значи и дефинитивен крај на надежите дека Дибала би можел повторно да го облече дресот на „волчицата“ до крајот на оваа сезона.
Останува да се види дали ова ќе биде и неславен крај на авантурата на Аргентинецот на „Олимпико“, ако се земат во предвид се погласните шпекулации дека Дибала планираше по завршувањето на сезонава да си замине од Рома.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА