Кошмар за Сабаленка – Загуби добиено финале на Австралија Опен

Казахстанската тенисерка со руско потекло, Елена Рибакина ја освои титулата на Австралија Опен, победувајќи ја најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленко.

Рибакина и се одмазди на Белорусинката за поразот во мечот за трофејот во Мелбурн во 2023 година и сега славеше со 6-4, 4-6, 6-4.

На овој начин, таа стигна до својата втора Грендслем титула, по онаа освоена на Вимблдон во 2022 година.

Од друга страна, Сабаленка го загуби четвртото Грендслем финале во кариерата, второ по ред на Ози Опен. Таа останува на четири трофеи, два во Мелбурн и два на УС Опен.

Ова беше 15-ти дуел меѓу двете тенисерки и седма победа на Рибакина, која не загуби ниту еден сет на патот до финалето.

Се вчитува...