„Кошмар“ за Сити – остана без двајца играчи, а во финишот и без победата над Челси (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Челси одиграа без победник 1-1 во натпреварот кој се одигра на „Етихад“, на општо задоволство на првопласираниот Арсенал, кој сега ја зголеми предноста на првото место на табелата. Челси постигна гол во четвртата минута од судиското надополнување за израмнување, а претходно вистински кошмар за Пеп Гвардиола предизвикаа повредите на дефанзивците Јошко Гвардиол и Рубен Диас.

 Тијани Реијндерс во 42. минута од средбата ги однесе „граѓаните“ во предност. 

Челси во четвртата минута од судиското надополнување Енцо Фернандез од трет обид успеа да ја „втурне“ топката во мрежата на Донарума за израмнување и за голем бод од овој меч.

Гвардиол во 51. минута го напушти теренот со болна гримаса, додека Диас во 81. минута од средбата исто така мораше да биде заменет поради повреда. Не е познато дали се сериозни повредите на двајцата стопери, но ова може да биде тежок удар за Пеп Гвардиола.

Се вчитува...