Кошмар за Словенија: Дончиќ остана без омилениот соиграч за Евробаскет

Кошаркарската репрезентација на Словенија се пресели во Љубљана, а на самиот почеток од втората фаза на подготовките за Евробаскет 2025 селекторот Секулиќ се соочи со два огромни проблема.

Најпрвин беше објавено дека Чанчар нема да може да му помогне на националниот тим, а попладнево беа потврдени и најголемите стравувања – дека ниту натурализираниот кошаркар Џош Нибо нема да биде во составот за Евробаскет 2025. Одличниот центар лани фантастично функционираше во тандем со Лука Дончиќ на олимписките квалификации, се очекуваше Нибо да биде значаен адут на Словенија на овој континентален собир, но серијата повреди што ги имаше сезонава беше причина неговиот тим Олимпија Милано да го блокира неговиот настап летово.

„За жал, и Нибо и Чанчар откажаа, и тоа по големите притисоци од нивниот клуб. Мораме да продолжиме без нив, за проблемот да е поголем, информацијата за повлекувањето доаѓа предоцна, па не можеме да повикаме нов играч на нивно место. Зборував и со двајцата одделно, можам да кажам дека сакаа да дојдат и да играат, но притисокот од клубот придонесе да се откажат од репрезентацијата летово“, изјави селекторот Секулиќ.

Словенија е дел од групата Д во која ќе се сретне со селекциите на Полска, Франција, Белгија, Израел и Исланд.

Се вчитува...