Србија се соочува со сериозен проблем откако Филип Костиќ заработи незгодна повреда и мораше да биде заменет уште во првото полувреме од мечот со англиската репрезентација.
Фудбалерот на Јувентус со солзи во очите го напушташе теренот во Гелзенкирхен, a селекторот Стојковиќ обелодени дека најверојатно станува збор за проблем со коленото.
„Костиќ ќе мора да оди на детални прегледи. Лесно може да се случи повредаста да е потешка, иако јас не би сакал тоа да е вистина. Почувствувал болка во надворешниот дел од коленото, претпоставувам дека се лигаментите во прашање, но не сакам да говорам ако не сум сигурен“, изјави Стојковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА