Тотенхем се соочи со огромен проблем по завршувањето на пријателскиот меч со Њукасл одигран во Сеул, поради тешката повреда што ја заработи англискиот репрезентативец Џејмс Медисон.
Овој играч беше еден од клучните кај Постекоглу, но пропушти голем дел од ланската сезона поради повреда на коленото. Медисон се повреди на помалку од десет минути до крајот на денешниот ме, лежеше во агонија пред да биде изнесен на носилки од теренот, а новиот менаџер на Тотенхем, Томас Франк, по мечот истакна дека најверојатно станува збор за обновување на старата повреда на коленото.
„Сето тоа изгледаше брутално. Проблемот е со истото колено како и лани, вистинска штета“, прокоментира стратегот на „спарси“.
Доколку лекарските прегледи ги потврдат ваквите најави на тренерот на Тотенхем, тоа би значело дека Медисон нема да може да се врати на терените до крајот на годинава, што дефинитивно би бил тежок удар за амбициите на „спарси“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

