Црвена Звезда загуби на гостувањето во Љубљана од Цедевита Олимпија, но уште поголем проблем за тренерот Сферопулос од конечниот резултат беше повредата на Милош Теодосиќ.
Само неколку дена откако на вечното дерби незгодна повреда заработи младиот суперталент Топиќ, синоќа Теодосиќ не можеше да го доврши мечот жалејќи се на повреда на зглобот.
„Игравме три натпревари за пет дена, тоа беше пеколно темпо. Немавме енерија за разлика од Цедевита, а кога ќе примиш 96 поени нормално дека е многу тешко да победиш. Теодосиќ е она што ме загрижува. Она што можам да го кажам во моментов е дека станува збор за повреда на скочниот зглоб. Подетални информации ќе имам по прегледите во Белград од нашите лекари“, изјави Сферопулос по натпреварот.
Црвена Звезда во следното коло од Евролигата ќе му гостува на Асвел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА