ЦСКА Москва се соочува со огромен проблем во пресрет на клучниот дел од сезоната по информацијата дека Никола Милутинов заработил тешка повреда поради која српскиот центар го очекува повеќемесечна пауза од терените. Србинот минатото лето пристигна во ЦСКА од редовите на Олимпијакос и експресно се наметна како еден од лидерите во тимот на тренерот Итудис, но тешката повреда сериозно ги нарушува плановите и амбициите на овој клуб.
Руските медиуми тврдат дека веќе е стартувана потрагата по нов центар, а прв на листата со желби е Екпе Јудо. Американецот кој играше со Перо Антиќ во Фенербахче потоа имаше неуспешна авантура во НБА, но сега е подготвен за камбек на европската кошаркарска сцена.
ЦСКА Москва попладнево потврди и дека нема да го продаде Мајк Џејмс. Американскиот бек поради конфликт со тренерот и соиграчите беше суспендиран, не настапи на последните натпревари на рускиот клуб, но управата сепак реши покрај финансиската казна да не следи и трансфер на Џејмс, кој и сезонава е најдобар стрелец на оваа екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА