Александар Зинченко ќе го пропушти останатиот дел од сезоната, како и бараж натпреварите за Украина за пласман на Светското првенство поради повреда на лигаментите.
Зинченко на своето деби за Ајакс по само три минути доживеа сериозна повреда, поради која ќе мора да паузира најмалку шест месеци. Зинченко оваа зима дојде во Ајакс од Арсенал, и има договор до крајот на сезоната.
Тој е еден од капитените на Украина, и селекцијата сигурно ќе биде ослабена со неговото отсуство. Украинците ќе треба да играат бараж против Шведска, а потоа ако победат да го пречекаат победникот од дуелот Полска – Албанија. На двата меча Украина е домаќин, но поради руската инвазија ќе ги игра во Валенсија, Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

