Вардар се соочува со нов огромен проблем на самиот старт од новата сезона, по тешката повреда што ја заработи Дарко Ѓукиќ на дуелот со Прилеп.
Српското десно крило мораше на рацете на соиграчите да го напушти теренот, веднаш стана јасно дека повредата не е нималку наивна, а потврда за сериозноста стигна по деталните лекарски прегледи. Кинење на лигаментите на коленото е дијагнозата за Ѓукиќ, најлоша можна вест бидејќи станува збор за сериозен проблем по кој ќе следи отсуство од осум месеци од ракометните терени.
Ова практично значи дека Ѓукиќ експресно ја завршува оваа сезона, оставајќи го македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски како главна опција на позицијата десно крило.
Српскиот репрезентативец воедно ќе го пропушти и претстојното ракометно Светско Првенство што во јануари 2023 ќе се одржи во Полска и во Шведска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

