Кошмар за Вулверхемптон – тешка повреда на Раул Хименез

Стратегот на Вулверхемптон, Бруно Лауге, се соочува со сериозен проблем откако „волците“ останаа без напаѓач за стартот од новата премиерлигашка сезона.

Раул Хименез, кој ќе биде прва опција во нападот на оваа екипа, заработи незгодна повреда на пријателскиот дуел со Бешикташ, а деталните прегледи покажаа проблем со медијалните лигаменти на коленото. Мексиканецот дефинитивно е загубен за првите неколку средби од новата сезона, а новите прегледи закажани за две седмици ќе покажат дали тој ќе може да се врати во септември, или ќе мора да замине на операција, што ќе значи и уште подолга пауза од терените.

Проблемите на Лауге се уште поголеми ако се знае дека вториот класичен напаѓач во тимот, Фабио Силва, беше испратен на позајмица во Андерлехт.

Воедно, Вулверхемптон е еден од најнеактивните фудбалери на пазарот во Премиер-лигата, откако „волците“ летово доведоа само едно единствено засилување – дефанзивецот Нејтан Колинс од Барнли.

Се вчитува...