Најдобриот кошаркар на Жалгирис, Кинан Еванс, заработи тешка повреда на вчерашниот меч со Фенербахче по која оваа сезона предвреме заврши за одличниот американски бек.
Еванс беше лидер на Жалгирис во речиси сите натпревари во Евролигата, па огромен беше шокот кога тој остана да лежи на теренот без контакт со противнички играч, на самиот почеток од дуелот со Фенербахче. Веднаш стана очигледно дека повредата е сериозна, а денешните детални прегледи ги потврдија стравувањата – станува збор за кинење на тетивата, по што Еванс го очекува пауза меѓу шест и осум месеци од кошаркарските терени.
Жалгирис и покрај отсуството на најдобриот играч го декласираше Фенербахче со 86-66, искачувајќи се на осмото место на евролигашката табела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА