Кошмарен ден за фаворитите во Бундеслигата: Домашни шок порази за Баерн, Баер и Борусија Д. (ВИДЕО)

Бундеслигата не памети ваков лош ден за фаворитите, откако двата најдобри тима загубија на домашен терен од аутсајдери. Така Баер Леверкузен претрпе пораз на домашен терен од Вердер Бремен, а Баерн Минхен беше поразен на „Алијанц Арена“ од Бохум.

Загуби и Борусија Дортмунд кој на свој терен беше поразен од Аугзбург, и така „милионерите“ се повеќе заостануваат во битката за Европа идната сезона.

Баерн Минхен имаше водство од 2-0 над Бохум, и кога се чинеше дека лесно ќе дојде до победа, следуваше пресвртот кој почна со црвениот картон за Палиња, а згора на тоа Гнабри промаши пенал. Герериро во 14. минута донесе водство, а истиот играч зголеми на 2-0.

Медиќ во 31. минута намали, а Сисоко во 51. минута се погрижи за израмнување. Целосниот пресврт и сензација ја донесе Беро со гол во 71. минута од средбата.

Борусија Дортмунд беше поразен со голот на Гувелеув уште во 23. минута. Борусија постигна гол но беше поништен, а потоа беше поништен и гол на Аугзбург за 0-2. Борусија им приреди уште едно разочарување на своите навивачи, и веќе недостижни се местата кои носат во Лигата на шампионите.

Киксот на Баерн Минхен не го искористи Баер Леверкузен кој имаше „зицер“ на домашен терен дуел со Вердер. Но, Шмид со гол уште во 7. минута му донесе водство, а потоа Вердер ситгна и до 0-2 со голот на Нџинмах.

„Кикс“ направи и Штутгарт кој одигра само 2-2 со Кил на гости, а Волфсбург не го победи тимот на Сент Паули и одигра само 1-1.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...