Кошмарен крај на годината: Руни повторно доби отказ

Легендарниот англиски фудбалер Вејн Руни, доби отказ од Плимут по низата лоши резултати во Чемпионшип.

Тимот предводен од славниот 39-годишник забележа 13 порази на 23 натпревари во втората лига на Англија. На последното гостување во Оксфорд навивачите го исвиркаа целиот тим, па го забележаа шестиот последователен пораз и разделбата беше неизбежна.

„Плимут засекогаш ќе остане во моето срце и ќе продолжам со внимание да ги следам нивните резултати“ , беше крајот на изјавата на Руни по разделбата со клубот, во која и се заблагодари на целата управа, навивачите и играчите.

Легендарниот Руни не оди добро со кариерата како тренер. До сега ги водеше Дерби Каунти, ДЦ Јунајтед и Бирмингем, и во сите клубови добиваше откази. Најдолго се задржа на клупата на Дерби на чие чело беше две години.

Се вчитува...