Кошмарен пораз на Астон Вила кај последниот Вулверхемптон (ВИДЕО)

Астон Вила ја губи надежта за титула во Премиерлигата, откако направи нов „кикс“ вечерва, губејќи ги бодовите во пресметката со последнопласираниот тим на Вулверхемптон со 20. „Волците“ дојдоа до победа првпат после 3. јануари кога го совладаа Вест Хем.

„Фенерџијата“ стигна до предност со гол во 61. минута, откако по додавање на Армстронг, Жоао Гомеш успеа да погоди во голот со помош на пречката.

Најдобрата шанса за израмнување Астон Вила ја имаше во финишот од средбата кога Онана шутираше, а на самата гол линија домашните играчи спасуваа чист погодок.

Во противнапад потоа домашните стигнаа и до втор гол преку Родриго Гомеш, за да нема никаква надеж за тимот од Бирмингем дека може да го избегне поразот.

И со оваа победа, мали се шансите дека Вулверхемптон ќе успее да го избори опстанокот во најсилната лига во Англија.

Се вчитува...