Кошмарен старт на годината за ПСЖ: Ленс ги порази ѕвездите од Париз (ВИДЕО)

ПСЖ кошмарно ја почна новата 2023 година, и веќе во првиот меч годинава го доживеа и првиот пораз сезонава во Лига 1. Ленс застана на патот на скапите париски ѕвезди, поразувајќи го лидерот со 3-1, и така правејќи го првенството уште поинтересно, односно намалувајќи од разликата на три бода.

Тимот на Галтие не беше на нивото, иако во нивниот состав беше присутен и Мбапе, кој играше во тандем со Екитике, потоа во тимот беа и Верати, Рамос, Хакими, Донарума…

Франковски во 5. минута од мечот му покажа на гостинот дека ќе му биде тешко да дојде до победата, но три минути подоцона Екитике успеа да донесе израмнување.

Опенда во 28. минута успеа да го совлада Донарума, и да донесе нова предност за Ленс.

Најубавиот момент беше виден во 48. минута кога Опенда прекрасно со петица го проигра Клод-Морис, кој стрелаше во голот на Донарума, за целосен „потоп“ на ѕвездите од Париз кои доживуваат пораз првпат после 20 март минатата година.

Галтие во продолжение се о биде со Витиња, Сарабија, но и покрај неколкуте шанси, сепак, на крајот не успеаја ниту да намалат, ниту да го избегнат поразот. Ленс продолжува со одличните настапи и сега „му диши во врат“ на ПСЖ.

Се вчитува...