Кошмарни сцени во Удине: Мењон се судри со соиграч, веднаш пренесен во болница (видео)

Милан има предност од 0-2 на гостувањето против Удинезе, но навивачите на „росонерите“ имаат причина за загриженост поради тешката повреда што ја заработи Мајк Мењон.

Голманот на Милан настрада при една интервенција, судирајќи се со својот соиграч Хименез, тој остана да лежи на теренот и веднаш стана јасно дека проблемот е крајно сериозен. Лекарите му укажаа прва помош на теренот, по што Французинот со амбулантно возило веднаш беше пренесен во најблиската клиника.

Според првичните информации, Мењон се здобил со тежок удар во главата, најверојатно има и потрес на мозокот, а деталните лекарски прегледи ќе покажат кога тој ќе може да се врати во тимот на Милан.

Страшниот судир на Мењон со Хименез можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...