Аталанта плати скапа цена за денешниот триумф над Болоња откако беше обелоденето дека Сеад Колашинац заработил тешка повреда на коленото што ќе го оддалечи подолг период од фудбалските терени.
Босанскиот дефанзивец беше стандарден во ситуација кога бројни одбранбени фудбалери на Аталанта имаа серија повреди, но тој предвреме го заврши денешниот дуел откако на носилки беше изнесен на теренот. Тренерот Гасперини веднаш по мечот изјави дека повредата најверојатно не е многу сериозна, но деталните лекарски прегледи донесоа сосема поинаква информација.
Имено, Аталанта преку клупско соопштение обелодени дека Колашинац ги има скинати вкрстените лигаменти во левото колено, по што го очекува пауза од најмалку шест месеци од терените.
Договорот на Колашинац со тимот од Бергамо истекува на крајот на сезонава, уште пред извесно време беше најавено дека истиот нема да биде продолжен, па оваа повреда за жал значи и неславен крај на авантурата на босанскиот интернационалец во овој калчолигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА