Висар Муслиу нема по добро да го памети дебито во дресот на Падерборн во втората германска лига, откако македонскиот репрезентативец доби црвен картон по нецели осум минути игра на стартот од новата сезона.
Падерборн гостува на Гројтер во првото коло, а Муслиу како големо засилување ја имаше улогата на стартер во новиот клуб, по летниот трансфер од Инголштад.
За жал, тој не се прослави на првиот дуел за новиот клуб откако доби директен црвен картон во осмата минута, поради груб старт на околу 40 метри од сопствениот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА