Кошмарно прво полувреме за Реал Мадрид: Постигна два гола, но остана и без двајца првотимци (ВИДЕО)

Реал Мадрид е на добар пат да стави крај на серијата на порази и воедно да им се врати на победите бидејќи на полувреме од натпреварот против Осасуна во 13. коло има предност од 2-0.

Но, камбекот на Реал Мадрид може да биде и пиров бидејќи веќе во првото полувреме двајца првотимци заработија повреди.

Родриго мораше да биде заменет по само 20. минути игра, додека десет минути подоцна од теренот беше изнесен и Едер Милитао.

Според првичните информации повредите не се навини, но повеќе детали ќе има по крајот на средбата и деталните лекарски прегледи.

Се вчитува...