Новото име во редовите на Реал Мадрид, Арда Гулер одново доживеа нова повреда, трета по доаѓањето во таборот на „кралевите“. Турчинот доје летоска како капитална инвестиција на Реал Мадрид, и во последен миг ја одби Барселона само да биде дел од најтрофејниот европски клуб, но од тогаш почнува неговиот кошмар.
Неговото враќање беше подготвено а оваа недела, требаше да биде на клупата против Брага и да добие минути, но повторно се повреди. Тоа го потврди и Карло Анчелоти.
„Вистина дека Гулер се повреди, но не ја обнови претходната. Во прашање е задната ложа, сепак, не сме загрижени, туку му кажавме да не брза. Иднината е пред него“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА