Кошмарот стана стварност: Скапото засилување на Арсенал ќе паузира минимум шест месеци

Микел Артета се соочува со огромен проблем по само едно одиграно коло во Премиер-лигата откако беше обелоденето дека повредата на Јуриен Тимбер е многу сериозна, па холандскиот интернационалец ќе мора да паузира најмалку шест месеци од терените.

Екс-фудбалерот на Ајакс пристигна во Арсенал во трансфер вреден над 50 милиони евра, беше стартер на премиерата со Нотингем Форест, но заработи незгодна повреда. Првичните прегледи покажаа проблем со коленото, а денешните дополнителни анализи утврдија сериозно оштетување на лигаментите.

Како што информираа од лондонскиот клуб, Тимбер ќе мора да замине на операција, потоа ќе следи пауза од најмалку шест месеци, а „топчиите“ стравуваат дека лесно може да се случи Холанѓанецот да отсуствува и девет месеци од терените, што би значело дека тој цела сезона нема да му биде на располагање на Артета.

Се вчитува...