Академија ФМП остана перфектна и по 5. коло во плеј-аутот откако славеше со 91-87 против Струмица. Струмичани кои поради неисплатени долгови не се појавија на претходниот натпревар против Чаир 2030, овој пат излегоа на теренот, а беа и блиску до двата бода кои сепак останаа во Кисела Вода во неизвесната завршница во која пресуди мирната рака на домаќините од линијата за слободни фрлања.
Изедначеноста го одбележа натпреварот уште од самиот старт. Најголемата предност во првата четвртина ја имаа гостите од Струмица (11-15), но Академија ФМП со добра игра во втората четвртина стигна до највисоките 27-22. Овој пат гостите успеаја да се вратат во игра и да поведат со 39-40, но за Академија ФМП да замине на полувремето со позитива од 40-42 се погрижи Василевски кој погоди за три поени на 10. секунди пред крајот.
Второто полувреме не донесе промена. Струмица одново беше подобра во првите 10. минути па во одлучувачката четвртина влезе со предност од 64-66, а во нив „академиците“ одново направија целосен пресврт. На минута пред крајот „црвено-сините“ влегоа со позитива од 87-84, но изгубената топка во нападот ја искористи Обиквели за ново изедначување (87-87).
Клучна за победата беше мирната рака на Златевски и Коскоски кои реализираа од линијата за слободни фралња, поставувајќи го конечниот резултат.
Со 25 поени и 9 скокови прво име кај домаќинтие беше Коскоски, а него го следеше Златевски со 23 поени и 8 асистенции. 36 поени и 11 скокови за гостите реализираше Обиквели, а 21 поен и 7 скокови додаде Мамузиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

