Косово го „краде“ најголемиот хрватски талент

Доминик Тачи, 18-годишниот крилен фудбалер кој во моментот настапува за Ријека доби повик да биде дел од косовската репрезентација, оваа информација ја потврди и неговиот агент Матеј Шкегро.

Тачи кој е роден во Пула важи за еден од големите таленти на хрватскиот фудбал, но поранешната југословенска држава може да остане без неговите услуги доколку се одлучи за настап за државата од каде потекнуваат неговите родители.

Тинејџерот досега настапуваше за младинските репрезентации на Хрватска до 18 и 19 години и се уште нема добиено повик за настап во сениорскиот тим.

Доколку Тачи се одлучи за настап за Косово ќе го заследи примерот на Велдин Хоџа кој го промени репрезентативниот дрес на Хрватска со оној на Косово.

Се вчитува...