Косово гради неверојатен национален стадион

Министерот за спорт на Косово, Кујтим Гаши го претстави проектот за новиот национален стадион кој ќе се гради во околината на Приштина.

Стадионот ќе има капацитет од 30.000, а изградбата се очекува да почне за неколку месеци. Во склоп на стадионот ќе има базени, хотели, ресторани и паркови, а кога на него ќе игра репрезентацијата на Косово тој ќе биде осветлен во сина боја.

Косово е противник на Македонија во полуфиналето од Д групата во Лигата на нации.

 

Се вчитува...