Фудбалерите на Косово имаат обезбедено сигурен бараж за пласман на Светското првенство 2026 година во САД, Мексико и Канада, а се уште имаат и теоретски шанси за директен пласман на Мундијалот, откако вечерва славеа на гостувањето кај Словенија со 0-2.
Водство за гостите од 0-1 донесе Аслани уште во 6. минута од натпреварот. Стојановиќ ги остави во големи проблеми домаќините откако во 53. минута доби втор жолт картон, а во 64. минута Словенците си постигнаа и автогол преку Карничник за 0-2.
Slovenia 0-2 Kosovo – Zan Karnicnik great OG 64'
byu/Meladroit05 insoccer
Швајцарија славеше против Шведска со 4-1 и во последното коло само теорија може да ја тргне од првата позиција во Б сегментот. Швајцарија му гостува на Косово, а само пораз од шест голови разлика ќе значи дека Косово директно ќе замине на мундијалот во Америка.
Босна и Херцеговина останува во игра за директен пласман на СП, откако славеше 2-1 на домашен терен против Романија. Романците поведоа со 0-1 преку Бирлигеа во 17. минута, додека на 1-1 израмни Един Џеко во 49. минута. Целосен пресврт 2-1 донесе Бајрактаревиќ во 80. минута, додека конечните 3-1 беа дело на Табаковиќ во 94. минута.
Bosnia & Herzegovina [2] – 1 Romania – Esmir Bajraktarević 80' – HOLY MOLY goal
byu/lee7on1 insoccer
Данска oдигра реми на домашен терен со Белорусија 2-2, додека Шкотска беше поразена на гостувањето кај Грција со 3-2. Тоа значи дека во последното коло овие две репрезентации во директен дуел ќе одлучуваат за патникот на СП, а на Данците ќе им биде доволно и реми бидејќи во моментов имаат бод повеќе од Шкотите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

