Косово ја доби „војната“ со Шпанија – Ќе биде интонирана химната на мечот во Севилја

Фудбалската федерација на Косово ја доби војната со Шпанија, што значи дека на натпреварот од мундијалските квалификации за шампионатот во Катар 2022 година. Шпанија не го признава Косово, па од федерацијата најавија дека нема да биде интонирана химната и нема да е истакнато знамето.

Од Косово рекоа доколку не се исполни тоа нема да играат, бидејќи федерацијата е признаена од ФИФА и УЕФА и заслужува ист третман како и другите репрезентации и дека политиката не смее да се меша во спортот.

Шпанските медиуми, повикувајќи се на извори на шпанската влада велат дека фудбалската федерација на оваа земја попуштила и на мечот во Севилја кој ќе се игра на 31. март ќе биде интонирана химната на Косово.

Се вчитува...