Косово ја шокираше Романија

Ракометната репрезентација на Косово успеа да ја шокира Европа, играјќи нерешено против селекцијата на Романија 23-23.

Романците на полувреме имаа предност од 9-14, но следуваше голем пад во вториот дел кој успеаја домаќините да го искористат и на крајот да стигнат до голем бод.

Со ова реми Романија ја поништи убедливата победа против Црна Гора на стартот од квалификациите, па сега за второто место ќе одлучува вториот натпревар меѓу овие две репрезентации, откако Шведска е неприкосновена на првата позиција.

Се вчитува...