„Косово не е Србија, туку Албанија и тука е крај!“

Извиците „Косово е Србија“ од трибините на стадионот во Букурешт за време на судиската пауза доведе до тоа играчите на Косово да го напуштат натпреварот од Лигата на нации против Романија.

Судијата рече дека им дава пет минути да се вратат на теренот. Тие одбија, а Данецот рече дека им го продолжува рокот на десет минути. Не се вратија ниту по еден час, на теренот каде ги чекаа Романците. Данскиот судија се врати на теренот и означи крај на натпреварот.

Капитенот на Косово, Амир Рахмани кој ги изведе соиграчите надвор од теренот, негира дека го напуштиле теренот во Букурешт поради гореспоменатите извици:

„Постојано се слушаа извици „Србија, Косово“. Тоа се случуваше цели 90 минути. Но, тогаш во судиското надополнување почнаа да викаат со други зборови кои не сакам да ги повторам бидејќи се срамни. УЕФА треба да одлучи бидејќи ние сме фудбалери. Ние сме тука да го претставуваме нашиот народ, нашата земја, која има тешко минато. Големата војна однесе човечки животи, имаше масакри. Ова е премногу. Стоп. Сите треба да знаат дека „Косово е Косово“ или „Косово е Албанија“ и тука е крајот“, изјави Рахмани. 

Се вчитува...