Како и што најавија од Косовската фудбалска федерација, репрезентацијата на оваа земја веќе почна со засилување на своите редови пред плеј-офот во Лигата на нациите и полуфиналниот дуел со Македонија во битката за пласман на ЕП 2020.
ФИФА даде дозвола за дефанзивецот на турски Кашимпаша, Лорет Садику во иднина да настапува за репрезентацијата на Косово. Садику имаше повик за настап и во репрезентацијата на Албанија, но одлучи да ја прифати поканата на Косово. Откако ФИФА издаде дозвола Садику веднаш има право за настап за селекцијата на нашиот северен сосед.
Садику оваа сезона има досега одиграно 12 натпревари за Кашимпаша во Суперлигата на Турција. Важи за еден од клучните фудбалери на тимот во дефанзивата.
Полуфиналниот натпревар од плејофот во Лигата на нациите меѓу Македонија и Косово ќе се игра во март 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА