Косово се засилува со млада ѕвезда од Баерн Минхен за мечот со Македонија

Фудбалската федерација на Косово планира засилување со младата ѕвезда на Баерн Минхен, Меритан Шабани, за полуфиналниот натпревар од Лигата на нациите против Македонија за пласман на ЕП.

По обезбеденото место во плеј-оф разигрувањето за пласман на ЕП, од Косово најавуваат серија засилувања на националните фудбалски редови во желбата за место и на собирот на најдобрите на Стариот континент. Прв на листата е 19-годишниот Шабани, член е на првиот тим на германскиот гигант роден во Минхен, но е со потекло од Косово поради што се определува за настап за репрезентацијата на нашиот северен сосед.

„Точно е дека сме во контакт со фудбалери за кои сметаме дека може да помогнат на нашиот сениорски тим. Оние кои ќе одговорат позитивно веруваме ќе ги имаме за полуфиналето од Лигата на нациите“ – вели генералниот секретар на Фудбалската федерација на Косово, Ерол Салиху.

Шабани е офанзивен фудбалер од средниот ред кој потекнува од фудбалската школа на Баерн Минхен. Во светот на сениорскиот фудбал беше забележан минатово лето на тестовите на Баварците…

Од Косово потенцираат дека се разгледуваат уште неколку млади фудбалери од најдобрите пет европски лиги. Но, согласно правилникот на ФИФА и УЕФА, ќе може да се засилат само со фудбалери кои немаат настап за друга репрезентација на официјален натпревар во период од најмалку две изминати години.

Се вчитува...