Косово сензационално до финален бараж, Италија не ја повтори грешката од Палермо (ВИДЕО)

Селекцијата на Косово обезбеди бараж натпревар за пласман на Мундијалот против Турција, откако вечерва сензационално нашиот северен сосед ја елиминираше Словачка победувајќи ја во Братислава со 3-4.

И покрај тоа што два пати имаа негатива, сепак, на крајот селекцијата на Косово стигна до победата. Валјент во 6. минута донесе предност за домашната селекција, а потоа Хоџа израмни во 21. минута.

Хараслин пред истекот на првиот дел донесе нова предност за Словаците.

Но со головите на Аслани, Муслија и Хајризи, Косовците стигнаа до 2-4, а Словачка само на крај успеа да намали преку Стрелец. 

Италија не ја повтори грешката од 2022 година, и обезбеди пласман во финален бараж. Италијанците со 2-0 ја совладаа Северна Ирска, и го чекаат својот ривал (победникот од дуелот Велс – БИХ) во финалето за пласман на СП. Головите за Италија беа дело на Тонали и Кен.

Во финален бараж се пласираше и Шведска, која со 1-3 ја совлада селекцијата на Украина.

Сонот за пласман на СП заврши за Албанија, која загуби од Полска со 2-1. Албанците имаа предност од 0-1 со гол на Хоџа, а Левандовски и Зиелински за 10 минути од вториот дел успеаја да направат пресврт и да се пласираат во финалниот бараж.

Се вчитува...