Селекцијата на Косово, дојде до втората победа во Лигата на Нации, откако на гостински терен ја совлада селекцијата на Литванија со 1-2.
Косовските фудбалери имаа 0-2, а пред крајот на мечот примија гол, кој, за нивна среќа, не им ја одзеде победата.
Жегрова во 20. минута од средбата донесе предност, а Красниќи во 65. минута донесе предност од два разлика. Голубичкас на крајот од мечот во 84 минута само успеа да го ублажи поразот.
Косово со овие три бода, ја стигна Романија на првото место на табелата, но Романците допрва треба да го одиграат својот натпревар против Кипар.
EDON ZHEGROVA gives Kosova🇽🇰 the lead pic.twitter.com/enJYkNx6qS
— x=5 (@KryeministriRKS) October 12, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА