Косовски Балкани му одржа вистинска лекција на Динамо Загреб во 2. коло од Групата Ц во УЕФА Конференциската лига.
Иако ја носеше фаворитската улога, Динамо Загреб загуби на гостувањето во Косово со 2-0, во натпревар во кој Балкани максимално ги искористи своите шанси.
Најпрво во 44. минута Крезиу постигна прекрасен гол за водство од 1-0. А потоа во 83. минута поранешниот фудбалер на Шкупи, Хамиди ги постави конечните 2-0.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, како што е познато, не е пријавен за европските натпревари на „модрите“, а Стефан Ристовски поради повреда не беше во составот на хрватскиот шампион.
Сега Динамо Загреб е на трет на табелата, со ист број бодови колку и Балкани, а на чело е Викторија Плзен која има шест бода, по денешната гостинска победа од 1-2 на гостувањето против Астана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

