Косовскиот тим Феризај е новиот клуб на Јасмин Мециновиќ. Досегашниот стопер на Скопје по пет месеци минати во клубот од Автокоманда, повторно заминува од Македонија и до крајот на сезоната ќе настапува во Косово.
Оваа екипа има намера да донесе уште 1-2 македонски играчи. Следниот кој би требало да стави потпис со овој тим е Бесaр Исени, екс играчот на Шкупи и на Вардар, кој досега настапуваше за Егнатија од Албанија и сега е слободен агент.
На „радарот“ на Феризај се и неколку играчи од прволигашката конкуренција. Се споменува трансфер и на голманот Марко Јовановски во овој тим, кој остана без ангажман после заминувањето од Академија Пандев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА