Косовски политичар жестоко против Ведат Муричи: Ти си предавничко го.но!

Репрезентацијата на Косово е под жестоки напади на јавноста по синоќешниот пораз од Македонија во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на ЕП. Домашните навивачи ги нападнаа своите најдобри фудбалери Ведат Муричи од Лацио и Амир Рахмани од Наполи кои не допатуваа во Скопје.

Муричи не доби дозвола за настап од Лацио поради повреда на мускулот, а Рашица е во задолжителен карантин од Наполи поради Ковид-19.

Косовската јавност синоќешниот пораз го доживеа како национален срам, напаѓајќи ги ѕвездите на тимот. Дури и косовски политичар, член на советот на општина Приштина го нарече Муричи предавник.

„Ведат Муричи ти си го.но предавничко. Сега откако отиде во Лацио, мислам дека сфаќаш што сакам да ти кажам, ама ова не е само мое мислење, туку и на многу навивачи на Косово“ – напиша Адријан Бериша од ПСД.

Жестоки напади доби и Рахмани, кој се впушти и во самоодбрана…

„Научете најпрво да ја сакате својата земја како што треба, пред да коментирате било што. И покрај сите напори на амбасадата, едноставно беше невозможно да дојдам затоа што целиот тим на Наполи е во карантин и не смее ниту еден метар да го напушти хотелот“ – напиша Рахмани на социјалните мрежи.

Се вчитува...