Косовскиот тренер кој шамараше 8-годишно девојче по пораз од Србинка: Никој не ја сака повеќе од мене

Европското првенство во таеквондо за деца кое се одржа во Тирана донесе голем скандал. По финалето во најмладата женска конкуренција косовски тренер шамараше осум годишно девојче поради пораз од српска натпреварувачка. Станува збор за младата Валина Фетиу која загуби од Нина Савиќ.

Тренерот и ја симна кацигата по што девојчето падна на падот и почна да плаче. Тој ја повлече кон себе и и удри шамар по што интервенираше и судијката која ја гушна.

Насилникот се огласи откако веста го заобиколи Балканот откривајќи дека тој и е татко и тоа го направил со цел да ја смири.

„Таа е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментот кога девојчето беше дезориентирано и луто бидејќи загуби од српска натпреварувачка, лежеше на под неспособна да го прифати поразот. Единствено што сакав е да и дадам дознаење дека и покрај тоа што претрпе пораз таа е вицешампионка и дека ќе има друга шанса“, изјави Ваљмир Фетиу.

За овој потег Ваљмир Фетиу доби и казна, шестмесечна суспензија.

Се вчитува...