Коста: Би ја истепал и сопствената мајка на теренот, само за да победам!

Диего Коста пред неколку дена и официјално се врати во родниот Бразил по повеќе од еднодецениска кариера во европскиот фудбал, откако потпиша договор со екипата на Атлетико Минеиро.

Голгетерот е познат како бескомпромисен борец, кој неретко користи и недозволени средства да дојде до посакуваната цел. Таквиот менталитет и самиот го потврдува со изјава која најблаго кажано – шокира.

„Дури и мајка ми да биде на теренот во противничкиот тим, ако треба да ја истепам за да победам, ќе го направам тоа. Буквално сè би направил за славје“, рече Коста.

Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и на Челси во кариерата има одиграно два меча за Бразил и 24 во дресот на Шпанија, за која постигнал и 10 голови.

Се вчитува...