Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица продолжува со формирањето на тимот со кој ќе нападне враќање во елитата во новата сезона.
Искусниот дефанизвец Коста Манев е новото засилување за струмичкиот тим. Централниот стопер ќе претставува екстра засилување во струмичкиот ростер каде се очекува да внесе дополнителна цврстина и искуство во одбраната.
Тој во Беласица доаѓа од екипата на АП Брера, а има и големо интернационално искуство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

