Дефанзивецот Коста Манев, повторно ќе игра во првенството на БИХ, но овој пат во друг клуб. Откако мина една сезона во тимот на Вележ од 2019 до 2020 година, сега ќе потпише за екипата на Тузла Сити. Договорот ќе биде на 2,5 години.
Манев веќе утре ќе треба да замине во Тузла на потпис на договорот, каде што веднаш ќе се приклучи на подготовките на екипата.
Манев настапуваше во Академија Пандев, но го напушти овој тим откако вторпат се врати во екипата. Претходно беше дел од Вардар, а играше и во Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА