Коста Манев се врати во Брера

Брера продолжува со засилувањата во летниот преоден рок, откако струмичани денеска официјализираа уште еден трансфер – камбекот на Коста Манев од редовите на Македонија ЃП.

Манев би требало да донесе искуство во играта во одбрана на струмичани, враќајќи се во клубот во кој настапуаше пред неколку сезони, додека го носеше името Академија Пандев.

„Нашиот клуб го ангажираше 31 годишниот Коста Манев одбрамбен фудбалер кој своевремено беше дел од екипата на Аакдемија Пандев Брера Струмица. Тој веќе се приклучи на нашиот сениорски тим, откако во последната првенствена сезона настапуваше за Македонија ЃП. Манев важи за доста искусен фудбалер и столб во одбрамбената линија на секој тим, каде настапувал. Седум сезони играше во финскиот фудбалски шампионат а има настапувано и за Вардар, Вележ од Мостар и Ал Кхалдија од Бахреин. Последната сезона Манев за Македонија ЃП одигра 26 првенствени меча“, објави Брера.

Се вчитува...