Атлетико Мадрид како да е создаден за нерешени натпревари, откако во 12. коло во Ла лига повторно ремизираше, овојпат против Севилја нагости 1-1.
Домаќините поведоа со голот на Васкез во 28. минута, резултат со кој се замина на полувреме. Избраниците на Симеоне одиграа одлично во вториот дел, но сепак повторно беше недоволно за победа. Мората израмни на 1-1 во 60. минута, додека во 72. минута Диего Коста промаши пенал кој можеше да донесе три бода за гостите. До крајот не успеаја да искористат уште неколку шанси, а резултатот остана 1-1.
Атлетико Мадрид и Севилја остануваат на 4. и 5. позиција на табелата со по 20 бода исто колку што има и третопласираната Гранада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА