Kостадинов асистент во ремито на Пјаст против Корона

Македонскиот фудбалски репрезентативец Тихомир Костадинов продолжува со солидните партии во екипата на Пјаст во полскиот шампионат.

Нашиот интернационалец денеска беше еден од најдобрите поединци на неговиот тим во ремито на домашен терен против Корона од 1-1.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Реста во судиското надополнување во првото полувреме. Домаќините во самиот финиш од мечот во 91. минута успеаја да стигнат до реми, откако Костадинов асистираше на погодокот на Моква.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...