Костадинов: Се лажат оние што мислат дека Белгија сега е послаба репрезентација…

Македонските фудбалски репрезентативци продолжуваат со подготовките за претстојните две квалификациски средби што го очекуваат нашиот национален тим во месец јуни, најпрвин домашниот меч со Белгија во Скопје на 6 јуни, по што три дена подоцна ќе следи и гостувањето во Казахстан.

Откако освоивме четири бода во првите две рунди, но и останавме без уште два со оној несреќно примен гол во последната секунда против Велс, фудбалерите се решени да сторат се за дополнително да го подобрат бодовното салдо и да ги зголемат шансите во борбата за што подобар пласман во групата.

„Се фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени. Имаме малку повеќе време за подготовка и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча во квалификациите. Свесни сме дека испуштивме важни два бода на натпреварот со Велс, но продолжуваме и мора да гледаме напред. Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија, без оглед на заморот и повредите. Селекторот бара да сме максимално ангажирани. Ги анализираме двата противници и знаеме против кого се соочуваме. Многумина мислат дека Белгија сега е послаба селекција, но тие отсекогаш имале фантастични фудбалери и претставуваат сила во светски рамки“, изјави Тихо Костадинов .

Се вчитува...