Костадиновски и Димитриевска победници на Телеком Мастерс турнирот во пинг понг

Филип Костадиновски во машка и Ива Димитриевска во женска конкуренција се победници на Телеком Мастерс турнирот за сениори помлади од 21 година во пинг понг кој се одржа во Крива Паланка.

Главните фаворити кои беа поставени за први носители ја оправдаа фаворитската улога и на крајот ги подигнаа победничките пехари закитувајќи се со златните медали. Филип Костадиновски од ППК Крива Паланка 2007 во финалето беше поуспешен од Дамјан Стојчев од ППК Шампон ФА. Во полуфиналето финалистите од У-18 турнирот Даниел Главевски и Теодор Волкановски беа поразени од повозрасните Костадиновски и Стојчев.

Кај сениорките главната фаворитка Ива Димитриевска од ППК Рисови имаше успешно враќање на пингпонгарската сцена после неколкумесечна пауза и ја потврди доминацијата од минатата година победувајќи во финалето со 3-1. Противник во финалето на Димитриевска беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. Сара С. Стојановска од ППК Крива Паланка и Бојана Михајловска од ППК Рисови ги освоија бронзените медали.

Пласман Прв телеком мастерс за сениори У 21
Сениори
1. Филип Костадиновски
2. Дамјан Стојчев
3. Даниел Главевски Зхоу, Теодор Волканоски

Сениорки
1. Ива Димитриевска
2. Ана Стојановска
3. Сара С. Стојановска, Бојана Михајловска

Се вчитува...