Легендарниот играч на Јувентус, Алесандро Костакурта, упати серија на критики кон ѕвездите на „старата дама“ кои загубија на гостувањето кај Верона и останаа на средината на табелата.
Костакурта потенцираше дека Алегри вооптшо не е виновен, туку дека единствената вина припаѓа на играчите.
„Фудбалерите се виновни а не тренерот. Секако дека и Алегри има одговорност, но, тоа што го гледавме на теренот беше разочарувачки. Јас би го вперил прстот кон играчите. Мислам дека за слабите изданија во последниве години се виновни главно играчите а не тренерите“, потенцираше Костакурта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА