Голем дел од италијанската јавност веднаш го нападна Роберто Манчини, посочувајќи го селекторот како главен виновник за шокантниот пораз од Македонија.
Манчини не сакаше да даде оставка веднаш по поразот, претседателот на федерацијата јасно стави до знаење дека сака селекторот да продолжи со работа, а кормиларот на „аѕурите“ доби поддршка и од поранешниот репрезентативец Алесандро Костакурта.
„Гледам како сите го критикуваат селекторот, но според мене тој е најмал виновник за она што се случи. Искрено, играта беше многу добра, течна, се доминираше на средината од теренот, но пресуди себичноста на фудбалерите. Се промашија многу „последни додавања“, кои можеа да донесат лесни голови. Преголемата себичност на индивидуалците, кои не се ставија во служба на колективот, пресуди да го загубиме овој натпревар“, анализираше Костакурта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА