Уште еден австриски медиум пишува дека Ивица Костелиќ бил затрупан од лавина, иако тој тврди дека бил само сведок.
„Кронен Цајтунг“ објави дека легендарниот Костелиќ пред неколку дена бил затрупан од лавина, откако претходно објавија неколку австриски и словенечки медиуми.
Планинарската спасувачка служба Обертауерн соопшти дека пред два дена, по 13 часот, била примена дојава дека двајца скијачи биле затрупани од лавина на висина од околу 2150 метри.
„Хрватската спортска легенда Ивица Костелиќ останува доследен: Ја гледаше лавината во Обертауерн, но не беше затрупан. Сепак, (речиси) веќе никој не му верува истрагата на „Кронен“ предизвикува и сериозни сомнежи за описите на поранешниот светски шампион. Според истрагата на „Кронен цајтунг“, поранешниот хрватски скијач бил затрупан од истата лавина иако тој тоа го негира“, пишуваат австриските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА